Средба Николовски-Тимоние: Вицепремиерот се заблагодари за поддршката на патот кон ЕУ

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развов и човечки ресурси Љупчо Николовски денска оствари средба со амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние, непосредно пред неговото заминувањето од нашата земја.

Николовски, како што рече, му упатил голема благодарност за поддршката на нашата земја кон остварување на евроинтеграцискиот процес.
„Амбасадорот Тимоние порача Северна Македонија да го задржи курсот кон евроатлантскиот пат и изрази задоволство од воведувањето на функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, што ја покажува одлучноста на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. На амбасадорот Тимоние му се заблагодарив за досегашната соработка и поддршка за нашата земја и му посакав успех во неговите идни професионални ангажмани.“ – порача Николовски по средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e