Среба Заев-Предан: Продолжува словенечката поддршка за пристапување во ЕУ

Северна Македонија и Словенија остануваат посветени на создавање услови за зголемување на економската и трговска соработка, како и унапредување на развојната соработка меѓу двете земји со цел постигнување успеси во одржливиот економски развој, социјалните услуги, доброто управување, животната средина и современото образование, беше констатирано на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Зоран Заев и новоименуваниот словенечки амбасадор во земјава Милан Предан, при што беше изразено задоволство од одличните билатерални односи на двете земји.

На средбата, информираат од владината прес-служба, беше истакнато дека двете земји ги поврзува долгогодишно пријателство и соработка, а Северна Македонија во Словенија има искрен поддржувач во процесот на пристапувањето на нашата држава во Европската Унија и како блиски партнери и членки на НАТО алијансата.

Разговарајќи за пандемијата со КОВИД -19, премиерот Заев и амбасадорот Предан констатираа дека заемната поддршка на двете земји за време на здравствено-економската криза е од исклучително значење за надминување на последиците кои ги чувствуваат граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e