Пендаровски, Спасовски и Заев со пораки за Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот

На 27 Јануари Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот, се потсетуваме на ужасот на војната кој однесе илјадници животи на припадници на заедници и групи кои беа различни од мнозинството.

За антисемитизмот, антициганизмот, расизмот и дискриминацијата по која било основа, нема место во современо демократско општество какво што треба да изградиме збогатени со сите наши различности.


-Никогаш да не се заборави геноцидот над еврејскиот народ и низ образованието да се пренесува и зачува споменот за милионските жртви.

Холокаустот е најголемото злосторство во современата историја на човештвото кога во логорите на смртта, за време на Втората светска војна, беа погубени над 6 милиони Евреи. Да се потсетиме и на 7.144 Евреи од Скопје, Битола, Штип кои во 1943 година беа депортирани и убиени во Треблинка – трагедија длабоко вкоренета во колективната меморија на нашиот народ.

Посветено работиме на едукација како темел за негување на колективната историска меморија за злото и за трајно сеќавање и почит кон жртвите. Наша обврска е со сите сили да се бориме против антисемитизмот и сите останати форми на кршење на човековите права, напиша на својот ФБ профил премиерот Оливер Спасовски.

-На денешен ден се сеќаваме на жртвите од Холокауст, на загубените животи, растурени семејства и горчливи искуства. Да не заборавиме каде можат да нѐ одведат предрасудите и омразата и да го зачуваме ова сеќавање како лекција за генерациите кои доаѓаат. Да продолжиме да градиме отворено и обединето општество за сите, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e