На регионалниот пат кон ХЕЦ „Козјак“, во атарот на скопското село Варвара, вчера се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, во несреќата учествувале „фолксваген голф“, управуван од 19-годишниот Е.Џ. од село Црн Врв, „сеат“ управуван од 31-годишниот Д.А. од село Батинци, товарен „мерцедес“ управуван од 63-годишниот Ш.С. од село Малчиште и „форд“, управуван од 47-годишниот Н.Л. од Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобил 18-годишниот Б.Р. од село Батинци, кој бил сопатник во „голфот“.
Телесни повреди добиле и четворицата возачи, како и 30-годишниот Б.О. од село Палиград и С.Л. од Скопје, кои биле сопатници во „голфот“ и „фордот“.
Повредените биле пренесени и прегледани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје. објави Скопје1.мк
