Спасовски за случувањата во Љуботен: И домаќините од селото се против тие кои трпаат милиони во џеб на незаконски начин

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница говореше за полициската акција во Љуботен и случајот со запленет тутун во ова село.

„Не се цел на било каква акција жителите на Љуботен. Акцијата беше спроведена на 13 локации каде се извршени претреси. Од 400-500 куќи во Љуботен, претрес е извршен само во девет објекти. Околу 14 тони на тутун е запленет и повеќе од 95 отсто се работи за тутуно-трговија која е незаконска активност. Запленети се пет машини за режење на тутун. Оваа акција е планирана подолго време и се прибирани повеќе докази. Јас знам дека секој граѓанин, кој е домаќин нема потреба од никаков страв, кој со сопствена пот си го заработува лебот. Знам дека и тие се против луѓето кои на незаконски начин трпаат милиони во џеб“, истакна Спасовски.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e