Спасовски: Сега е херојски да се остане дома и да се почитуваат препораките за претпазливост

„Со олеснување ги примив резултатите со кои се потврдува дека лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски имаат негативни резултати на тестовите за КОВИД-19, напиша на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.

„Им посакувам и периодот на самоизолација да го поминат во добро здравје.

На новинарот Гоце Михајлоски му посакувам успешно справување во битката со вирусот и многу бргу да им се врати на своите професионални задачи, меѓу кои е и нашата заедничка битка против заканите од коронавирусот.

Сега е херојски да се остане дома и да се почитуваат препораките за претпазливост. Сите сме еднакви изложени пред опасноста и тоа треба да не обедини за да го запреме ширењето на вирусот зашто оваа битка ќе ја добиеме само заедно“, истакна Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e