Скопје: 15 сообраќајки, возач на мотоцикл тешко повреден

Возач на мотоцикл  бил тешко повреден во една од вкупно 15 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи.

Од таму соопштуваат дека во шест сообраќајки со полесни повредни се здобиле седум лица, а во осум била причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала осум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четворица почетници, како и 24 нерегистрирани возила.

Од МВР информираат дека санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не носење сигурносен појас, како и 28 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 97 возило непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e