Македонија во 2025 година извезла 4,73 милиони килограми сладолед, во вредност од околу 17,6 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Количината е значително поголема од домашната потрошувачка, која се проценува на околу 3,1 милион килограми годишно. Со тоа, македонската индустрија продолжува да остварува трговски суфицит во сладоледот.
Најуспешна била 2024 година, кога биле извезени рекордни 5,26 милиони килограми, вредни над 18,1 милиони евра.
Во меѓувреме, расте и домашната потрошувачка – од 1,1 килограм по член на домаќинство во 2021 и 2022 година, на 1,7 килограми во 2025 година.
Најголем дел од македонскиот извоз отпаѓа на сладолед без млечни масти или со нивна содржина под 3 проценти.
