Ситуацијата пред Собрание ескалира – Повредени полицајци, демонстранти се приведуваат…

Полицијата ги истурка демонстрантите од пред зградата на Собранието. Ги разбрка кон Жена парк, при што огромна бројка на луѓе почнаа да бегаат. Полицијата приведе неколку демонстранти, а група граѓани повикуваа да ги ослободат.

„Пуштете ги децата“ извикуваа сите и продолжија да фрлаат со предмети кон полицајците.

Се зголеми бројот на полициските сили, некои од нив имаат и полициски кучиња.

Според информациите од терен, има повредени полицајци, а пристигнаа и возила на Итната медицинска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e