СДСМ: Студентите да се пријават за мерката субвенциониран оброк, обезбедуваме 2.400 денари месечно за секој студент за здрав студентски оброк

„Измената која ја иницираше и потекна токму Социјалдемократската младина, субвенциониран студентски оброк за 40.000 активни студенти е во завршна фаза на реализација.

Министерството за образование и наука веќе објави и јавен повик.

Аплицирањето за остварување на правото на сите редовни студенти е започнато од први август. Ги повикуваме студентите да се пријават и да аплицираат.

Со оваа мерка, 40.000 активни студенти, секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци.

Директно на трансакциските сметки на студентите ќе завршуваат 15 милиони евра.

СДСМ продолжува посветено да работи во насока на интересите на студентите, на младите, подобрување на условите за живот и нивниот економски стандард“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e