СДСМ: Пoвредени 47 полицајци, го осудуваме насилството на ВМРО-ДПМНЕ и Левица и бараме одговорност

„Најостро го осудуваме синоќешното насилство на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер проруската партија Левица.

Како што бјави Министерството за внатрешни работи во синоќешното насилство повредени се 47 полицајци, а нанесена е штета и врз објектите на Вчадата, Собранието и Министерството за внатрешни работи.

Јавноста синоќа сведочеше како насилници со качулки ги нападнаа полицајците, фрлаа запаливи течности, ги каменуваа припадниците на македонската полиција и се обидоа насилно да влезат во Собранието.

Слични сцени се случуваа и на крвавиот четврток на 27 април 2017 и сите знаат што тоа значи.

По синоќешните немири мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и поттикнувачите на насилството.

Протестот е уставно загарантирано право, но насилството е кривично дело и одговорност за ова мора да понесат сите инволвирани.

СДСМ, институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволи насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат стабилноста на државата“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e