СДСМ: Мицкоски не се оградува од ставовите на Апасиев за радикализација туку го поддржува

„Насилство на протестите, луѓе со фантомки, повредени полицајци, тоа е вистинското насилничко лице на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица.

Бадијала Димитар Апасиев и Левица се правдаат, самиот Апасиев најави дека ќе ги радикализира протестите.

Од друга страна Христијан Мицкоски не се оградува од ставовите на Апасиев за радикализација, туку го поддржува и повикува граѓани.

СДСМ заедно со институциите и граѓаните нема да дозволи никој да ја загрози стабилноста на државата.

Нека не се обидува Мицкоски преку својот партнер Апасиев да го повторува упадот од 27 април, тоа нема да го дозволиме“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e