СДСМ: Избори ќе има во 2024 година

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да уценуваат никого, велат од СДСМ преку соопштение.
Сите нивни обиди за дестабилизација на државата, сите нивни лаги за наводна асимилација и бугаризација пропаднаа, тие веќе немаат никаков кредибилитет пред граѓаните.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се конфузни, наутро бараат референдум, а попладне предвремени избори.
Мицкоски веќе не знае што да направи за да ја спаси фотелјата во белиот дворец откако грбот му го свртеа коалициски партнери и други опозициски партии.
Избори ќе има во редовниот термин во 2024 година. До тогаш ВМРО-ДПМНЕ има време да се преиспита и да го смени своето деструктивно, антидржавно однесување на штета на интересите на граѓаните и државата, порачаа од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e