СДСМ ги кани граѓаните на претстојната тематска трибина „Едно општество“ во Гостивар

Од Социјалдемократскиот сојуз ги информираат и покануваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат на претстојната тематска трибина на тема „Едно општетство“ закажана за 29 јануари во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.

mer

„Вашите приоритети се наши приоритети. Токму затоа програмата за следните четири години ја правиме заедно со вас. Ве покануваме да се вклучите во тематските трибини, за заедно да креираме програма со која во следните четири години ќе го подобриме квалитетот на живот на сите граѓани“, порачуваат од СДСМ.

Досега беа реализирани тематски работилници на темите „Дигитализација“, „Социјална заштита“ и
„Здравство“.

Следни тематски трибини се :
Инфраструктура | 30.01.2020, 18:30 | Скопје
Земјоделство | 01.02.2020, 13:00 часот | Струмица
Отворена власт | 04.02.2020, 18:30 часот | Скопје
Енергетика | 05.02.2020, 18:30 часот | Битола
Локална самоуправа | 08.02.2020, 13:00 часот | Велес
Економија | 09.02.2020, 18:30 часот | Скопје
Образование | 10.02. 2020, 18:30 часот | Скопје
Договорот од Преспа | 12.02.2020, 13:00 часот | Ресен

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e