Прешево-Табановце: Цариници пронашле килограм златен накит и дукати скриени во детски пелени

Царинските службеници во соработка со полицијата спречија двајца патници да шверцуваат на Прешевскиот премин.

Прекршокот бил откриен вчера кога на влезот на овој премин за детален преглед бил издвоен автомобил марка „фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, кој го користел млад брачен пар кој патувал од правец на Македонија кон Швајцарија.

Иако рекле дека немаат што да пријават, царинскиот службеник при преглед на автомобилот, пред совозачкото седиште пронашол торба во која меѓу другото имало и неотворено пакување пелени.

Неговата необична тежина предизвикала сомнеж дека нешто се крие во него, што набрзо се покажало дека е вистина, бидејќи во неколку пелени биле пронајдени речиси половина килограм златни ѓердани и алки со дукати „Франц Џозеф“, како и синџири и прстени.

Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судска одлука, покрај златото, трајно е одземено возилото, пишува српски „Курир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e