Полицијата расветли три кривични дела поврзани со тешки кражби од возила

СВР Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје ќе поднесе кривични пријави против И.Џ.(29) од ело Страхојадица, поради основано сомнение дека извршил едно кривично дело тешка кражба од патничко моторно возило, казниво по чл.236 од Кривичниот законик и против Б.Д.(18) од село Ржаничино, Скопско, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа: тешка кражба од товарно моторно возило, предвидено и казниво согласно член 236 од Кривичниот законик и тешка кражба во обид од патничко моторно возило, предвидено и казниво согласно чл.236/19 од Кривичниот законик, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат на 15 јуни 2020 на бул.„Александар Македонски“ кај подземниот премин кај „Континентал“, И.Џ. од патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на институција, одзел ташна, паричник со лични документи, картички и пари. По извршен увид и преземени мерки бил утврден идентитетот на сторителот на делото, кој на 24 септември 2020 бил приведен и ќе следи кривична пријава.

Додека Б.Д. кривичните дела ги извршил на 7 август 2020, на паркинг просторот на ул.„3“, кај бензинската пумпа во село Кадино, и тоа од товарно возило „ман“, со винички регистарски ознаки, сопственост на бензинската пумпа и од патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.А. од Скопје. Сторителот на лице место дошол со патничко возило „фијат крома“, со скопски регистарски ознаки. По преземени дејства и обезбеден видео запис, утврдени се возилото и сторителот на кривичните дела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e