Петар Богојевски: Обновата на Мицкоски е обнова на минатото и бандитизмот

– Во ВМРО ДПМНЕ има еден огромен дел, околу 120.000 гласачи, кои се прозападно и продемократски ориентирани и кои не се гледаат себе си во Обновата на Мицкоски. Тоа не е обнова на ВМРО ДПМНЕ, туку обнова на минатото, обнова на бандитизмот и не треба да се индентификува со партијата. “Македонски концепт” може да понуди поквалитетни десничарски решенија визави “Обновата”, истакна Петар Богојевски во интервју на НОВА со Борјан Јовановски и ги нагласи лажните ветувања, мислејки на Мицкоски, дека едно зборува пред европските лидери и дипломати, во поглед на преспанскиот договор, договорот со соседна Бугарија и името, пред граѓаните зборува друго а во општинските и месните комитети, сосема трето и рече дека тоа е нечесно кон граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ