Околу 700 Филипинки годинава добиле македонски пасоши во Австралија

Околу 700 филипински државјанки годинава добиле македонски патни исправи во Австралија, откако склучиле брак со македонски државјани и ги исполниле законските услови за стекнување македонско државјанство, објавуваат неофицијални податоци.
Податоците се однесуваат на издадени патни исправи преку македонските дипломатско-конзуларни претставништва во Австралија. Доколку бројката е точна, станува збор за значаен број нови македонски државјанки во дијаспората.
Овој пример го отвора и прашањето за демографските промени во земјата и за растот на македонската дијаспора преку семејствата што македонските државјани ги формираат во странство.
Филипинските државјанки се само еден пример, бидејќи и државјани од други земји преку брак и исполнување на законските услови можат да стекнат македонско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e