Нуредини: Во владина процедура се предлог измените на Законот за квалитет на амбиентниот воздух

Во владина процедура се предлог измените на Законот за квалитет на амбиентниот воздух со кои се воведуваат краткорочни и среднорочни мерки кои градоначалниците, односно Владата, можат да ги превземат заради спроведување на Плановите за квалитетен воздух, со цел справување со високите концентрации на ПМ 10 честички,  информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната средба со новинарите.

„Се работи на процесот на прогласување на Шара за национален парк, а Осогово за заштитно подрачје. Во тек е изработката на Менаџмент план и судија за валоризација за Охридското езеро. Воедно во Собрание се 10 измени на останатото законодавство од областа на животната средина заради усогласување со Законот за прекршоците и Законот за инспекциски надзор“, рече Нуредини.

Според него, Министерството за животна средина и просторно планирање е во финална фаза на консултации и вградување на забелешки по одржаните две официјални јавни расправи на новиот пакет закони од областа на управување со отпадот во Македонија. Новиот пакет се состои од нов рамковен Закон за управување со отпадот и 5 закони од областа на посебните текови на отпадот:

Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад
Закон за пакување отпад
Закон за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори
Закон за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и
Закон за дополнителните текови на отпад во системот на одговорностна производителите.

„Со новите предложени законски текстови се врши усогласување со ЕУ законодавството и се обезбедува имплементација на принципите на циркуларната економија во нашата земја, односно се фокусира на превенција на отпадот, а истовремено се нудат решенија за надминување на предизвицитесо кои се соочуваме со претходниот систем за регионално управување со отпадот и постигнувањето на нашите национални цели за преработка на отпадот“, истакна Нуредини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e