Почина поранешниот македонски министер и новинар Треневски

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство.

Треневски е роден во 1949 година во Скопје и зад себе остави богата професионална кариера во новинарството, дипломатијата и државните институции.

Новинарската кариера ја започнал во Скопје, а подоцна работел во агенцијата ТАНЈУГ како дописник од Австралија и Јужниот Пацифик, каде активно ја следел македонската дијаспора. Бил и автор на повеќе публицистички дела.

По осамостојувањето на државата, Треневски беше министер за информации во првата влада на Република Македонија, а подоцна и министер во Министерството за иселеништво. Во дипломатската служба беше амбасадор во повеќе скандинавски земји, генерален конзул во Торонто и амбасадор во НАТО.

За својата работа добитник е на повеќе признанија, меѓу кои и наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта Бутел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e