Петок е неработен – во недела е Духовден

Православните верници овој викенд ќе имаат продолжен одмор, бидејќи 29 мај (петок пред Духовден) е неработен ден. Празникот, кој следи во недела, спаѓа меѓу големите Господови празници и е познат и како Свети Дух или Педесетница.
Духовден се празнува 50 дена по Велигден и 10 дена по Вознесение Христово (Спасовден). Според христијанската традиција, на тој ден Светиот Дух слегол врз апостолите во Ерусалим, во форма на пламени јазици, по што тие добиле сила да ја проповедаат верата.
Во народната традиција, Духовден е силно поврзан со споменот на починатите. Затоа му претходи Задушница, позната и како „Мртва сабота“, кога се посетуваат гробови и се оддава почит на предците.
Празникот се празнува три дена, а првиот ден секогаш паѓа во недела, при што целиот период од Велигден до Духовден се смета за празничен и духовно значаен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e