Битиќи: Се извинувам што ја вознемирувам министерката додека е на патување, денес избега, но ја очекувам во четврток

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи преку Фејсбук статус упати остри критики до министерката за финансии, обвинувајќи ја дека повторно избегнала соочување во Собранието за реалната економска состојба во државата.

„Денес дојдов во Собранието за конечно да се соочиме со министерката за финансии, но таа повторно избега од дебата за реалната економска состојба во државата“, напиша Битиќи.

Во објавата, тој ја критикуваше и одлуката за службени патувања во период кога, според него, граѓаните се соочуваат со сериозни економски проблеми.

„Се извинувам што ја вознемирувам додека е на патување, но кога сметките дома не ви се средени, не е време за шетање со државни пари“, наведува Битиќи во статусот.

Тој порача дека јавноста заслужува конкретни одговори и најави дека очекува министерката да присуствува на седницата за пратенички прашања во четврток.

„Граѓаните заслужуваат одговори, а не бегање од одговорност. Затоа очекувам во четврток, на пратенички прашања, да се појавите и аргументирано, без мешање ‘грашок, млеко и деца’, да ги соочиме фактите и вистината за економијата“, стои во објавата на Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e