Бензините од полноќ ќе чинат поскапо

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,144 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 денари за килограм и сега изнесува 51,144 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e