Николовски во Солун: Одлични лекции од технолошкиот ИКТ парк Технополис кои може да ги примениме и кај нас

Официјална делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав се заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со заменикот на претседателот на Владата за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска реализираше еднодневна работна посета во Солун, Република Грција.

2

„Денешната еднодневна посета на Солун, Република Грција, ја завршивме со посета на технолошкиот ИКТ парк Технополис, кој e основан со здружување на неколку компании за информатичка технологија.
На состанокот со менаџментот на овој деловен парк за висока технологија имавме можност да се запознаме со најновите достигнувања во информатичката технологија и нивната примена во индустријата. Одлични лекции кои може да ги примениме и кај нас.“ – констатираше по средбата Николовски.

3 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e