Николовски во Солун на тркалезна маса за енергетска соработка: Продолжуваме да ги јакнеме односите за подобро утре на сите граѓани во регионот

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска во Солун учествуваа на тркалезна маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка“, што ја организираат Федерацијата на индустрии на Северна Грција.
Nikolovski11Ми беше голема чест да бидам дел од тркалезната маса во организацијата на Федерацијата на индустрии на Северна Грција, каде учествуваа државниот секретар на САД, Мајкл Ричард Помпео, министерот за развој, конкурентност, транспорт и врски на Грција, Костас Хаѕидакис и други еминентни лица од регионот, истакна Николовски
Nikolovski111„На конференцијата која денеска се одржа во Солун, разговаравме за енергетската безбедност и унапредување на соработката во полето на енергетиката, со која продолжуваме да ги јакнеме односите за подобро утре на сите граѓани во регионот.
Присутни беа и амбасадорката на САД, Кејт Брнс, како и заменикот државен секретар на САД, Филип Рикер, со кои имавме можност да поразговараме на повеќе теми.
Северна Македонија е посветена на спроведување на реформите во енергетскиот сектор и исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот за основање на Енергетска заедница. Воедно, преку зголемување на регионалната соработка на полето на енергетиката, гледаме голема можност и потенцијал за креирање на одржлива и развојна економија, што е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија во следните четири години“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e