Николовски во Охрид заедно со Пахор и Пендаровски: Разговаравме за искористување на потенцијалот на културното наследство

Вицепремиерот за борба против корупција, човечки ресури и одржлив развој Љупчо Николовски денеска беше дел од делегацијата на македонскиот претседател и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, која заедно со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид беа во посета на Охрид.

„Претседателот на Словенија, Борут Пахор, како и илјадници негови сограѓани кои го посетиле нашиот бисер, не штедеше зборови за убавината и потенцијалот кој лежи овде. Како и многумина од нив, и тој извади банкнота од 1000 ден пред фасадата на Григориевата галерија од црквата Св. Софија, симболот на европскиот Ерусалим, нашиот Охрид.“ – порача Николовски.

„Секако, разговаравме и на теми преку кои ќе го извлечеме и реализираме таквиот потенцијал во иднина, во соработка со нашите пријатели од Словенија. Благодарност до претседателот Стево Пендаровски и неговиот тим, кои беа одлични домаќини на делегацијата.“ – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e