Николовски: Транспарентноста мора да е на максимално ниво, само така ќе се врати довербата во институциите

Еден од принципите на работа на Владата е да максимизира транспарентност и отвореност со граѓаните и медиумите, посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Затоа, сметам дека е важно да го одбележиме 28 септември, меѓународниот ден на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Иако голем број граѓани не знаат дека таков Закон воопшто постои, важно е сите да се запознаат со можноста за слободен пристап до информации од јавен карактер и што поголем број од луѓето ова право да го користат кога за тоа ќе имаат потреба.
Ова е уставно и законско право на секого. Транспарентноста мора да е на максимално ниво и само така може да влијаеме на зголемување на довербата во институциите“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e