Николовски на состанок со претставници од Делегацијата на ЕУ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари редовен работен состанок со Делегацијата на ЕУ.
-Разговаравме за напредокот на ИПА проектите кои се имплементираат во секторите земјоделство и рурален развој. Посебен акцент ставивме на веќе започнатите проекти за изградба на малите системи за наводнување и одржување на промотивни настани заедно со Делегацијата на ЕУ, информираше Николовски по средбата.
-Продолжуваме со засилена соработка, секторот земјоделство и рурален развој ќе биде вклучен и во програмските години на ИПА 2023/24, порача министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e