Кралството Холандија, е важен партнер и поддржувач на Северна Македонија, на патот кон полноправно членство во ЕУ, истакна Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси.
„Амбасадорот Дирк Јан Коп, на денешната средба ја потврди поддршката од Холандија, за европските интеграции на нашата држава и изрази задоволство од зацртаните стратешки цели на Владата за следниот четиригодишен мандат.
На средбата разговаравме за моите надлежности како заменик-претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, како и за идните активности во процесот за справување со корупцијата.
Амбасадорот Дирк Јан Коп, изрази подготвеност за меѓусебна соработка, поддршка и размена на искуства“, посочи Николовски.