Николовски: Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка станува реалност со над 75% реализација досега

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во присуство на претставници на Европската Делегација, градоначалниците на Ранковце и Крива Паланка и претставници на фирмата изведувач и фирмата надзор изврши увид во градежните активности на системот Славишко Поле, кој се наоѓа во североисточниот дел на државата, во општина Ранковце, покрај Крива Река.

280697275_540732697420571_4963325879965606914_n
Наедно тој изврши увид и на работите за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

-Зборот е збор. Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка станува реалност со над 75% реализација досега. Во источниот регион се инвестира како никогаш, се модернизира и менува, се развива и поврзува, порача министерот Николовски.

1

Изградбата е поделена во две делници, од кои првата Длабочица-Чатал е со должина од 15,5 километри и ширина од 12,5 метри во вредност од 32 милиони евра.

Втората делница Крива Паланка-Длабочица е со должина од 10 км и ширина на коловозот од 10,4 метри и со вкупна вредност од 30, 5 милиони евра.

Вкупната проектирана вредност на експресниот пат кој се финансира со средства од Светска Банка е 62,5 милиони евра.

Идниот експресен пат Ранковце-Крива Паланка ќе има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец, со што значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка.

3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e