Николовски: Државата мора да чекори со чесни и растеретени политичари што влечат напред

Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија, вели Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски!

“Денес, кога правната држава е светост и светлост кон која се стремиме, да се дрзнеш да бидеш против правда, против европската иднина и против НАТО, не е ништо друго освен губитничка позиција.

Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја.

Огромното мнозинство во Собранието денес покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики.

Ги завршивме сите реформски задачи. ЕУ тоа го гледа и има одговорност за својот следен чекор кон Северна Македонија.

Пративме јасна порака дека мора да се стави крај на криминалните интереси. И назад нема. Ниту сега ниту во иднина. Државата мора да чекори со чесни и растеретени политичари што влечат напред. Доста е од закани, калкулации и обиди за враќање назад. Чекориме за правда и за иднина!

Одиме на фер и демократски предвремени парламентарни избори.

Гордо стоиме пред граѓаните и бараме нов, чист и целосен мандат на 12 април”, вели Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e