Николовски со честитка по повод 24.мај: Денес оддаваме почит и се поклонуваме на Светите Кирил и Методиј

Министерот Љупчо Николовски упати честитка по повод 24.мај:
-Ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.
Со нивното дело и мисија, просветителите оставија трајни вековни вредности за словенските народи, за македонскиот народ, за Европа и светот. Нивната обединувачка и благородна цел, ја почитуваме, вреднуваме, и со особена гордост денес оддаваме почит и се поклонуваме на нивното дело.
Го унапредуваме, збогатуваме и заштитуваме нашиот македонски јазик, како аманет ,темел на македонскиот идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e