И на плажа со маска – еве што друго предвидува протоколот

Заради спречување на пренесување и ширење на коронавирусот Владата го донесе и ПРОТОКОЛОТ ЗА РАБОТА НА ПЛАЖИТЕ ВО ТЕК НА ПАНДЕМИЈА СО КОВИД-19.

На плажите, потребно е почитување на основните превентивни мерки:

  • Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето
  • Сите посетители и вработени да почитуваат  физичка дистанца од 1,5-2 метри
  • Често миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди или употреба  на средство за дезинфекција на раце на база на алкохол
  • Редовно чистење и дезинфекција на средината

ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

На видливи места на влезот и на самата плажа да се постави информативно- едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување. Дополнително да се врши гласовно информирање за потсетување на сите посетители да се придржуваат кон препораките.

НА ПЛАЖАТА

  • Сите вработени лица и посетителите до влегување во вода задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата.
  • Да се обезбедат на достапни и видливи  места средства за дезинфекција на рацете (на база на алкохол во концентрација од 60-70% или друго средство со декларирано вируцидно дејство согласно упатството на производителот).

ЛЕЖАЛКИ

  • Сите посетители и вработените лица на плажата да одржуваат физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода.
  • Ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.
  • Помеѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, од кој секој чадор ќе обезбеди сенка за најмногу  две лица – ова не се однесува на семејства со деца. Да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител. Секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.
  • Групни спортови (како одбојка на плажа) се забрануваат.
  • Задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на посетители (согласно погоре наведениот норматив) и спроведувањето на мерките.
  • На достапни места соодветно на просторот да се постават корпи за отпадоци со капак.

САНИТАРНО-ХИГИЕНСКИ МЕРКИ

Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење на тоалетите, на секои 2 часа (а по потреба и почесто) во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот  или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства Ограничување на бројот на корисници на санитарните јазли согласно големината.

ПРЕПОРАКИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Вработените да се придржуваат кон препорачаните превентивни мерки.

Редовно да ја следат својата здравствена состојба и доколку развијат болест или симптоми на респираторна инфекција: покачена телесна температура, треска, кашлица, отежнато дишење  не треба да доаѓаат на работа сé додека не се јават на својот матичен лекар.

Доколку вработениот имал близок контакт со потврден случај на КОВИД-19, задолжително да го извести својот претпоставен.

УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ

За користење на угостителски услуги се препорачува почитување на Протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.

Не се препорачува користење на гардероби на плажа!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e