МЗШВ: Напредува системот за наводнување во Теарце, за два месеци од почетокот на градба поставени 30% од цевководот

Во рамките на кампањата „Поддршка за секој земјоделец“, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик – министерот Абдулшуќур Абедини, државниот секретар Реџаиљ Исмаили и директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи, денеска беа во посета на полошкиот регион.

IMG_5196

Теренската агенда започна во Општина Теарце, каде се изврши увид во градежните активности на новиот мал и современ систем за наводнување. Системот е со поддршка од ИПА програмата на Европската Унија, во рамките на проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, со вкупна вредност од 1.7 милиони евра, дизајниран да ја користи технологијата за наводнување „капка по капка“.

IMG_5353

Главниот извор на вода е реката Бистрица, чии води ќе овозможат наводнување на околу 300 хектари земјоделско земјиште, кое го обработуваат околу 120 земјоделци. Тие ќе имаат директен бенефит од овој проект. Градбата на системот е во почетна фаза, започна пред два месеци. За овој краток период, поставени се цевки во должина од 6.391 метри што претставува околу 30% од вкупната должина на цевководи во проектот која изнесува 25,716 метри. До сега, активностите течат одлично и согласно динамиката на градба.

IMG_5290

„Со реализацијата на овој систем за наводнување, 120 семејства кои одгледуваат различни земјоделски култури ќе добијат модерен систем за наводнување капка по капка, кој е високоеколошки бидејќи водата се користи рационално. Нема загуби на вода, а растенијата имаат континиурана стабилна влажност што директно влијае на зголемени приноси, а со тоа и зголемен профит. А тоа е главната цел на секој земјоделец, да не се грижи дали ќе има вода за наводнување и да добие повисоки приноси за она во кое се вложува и работи целото семејство. Мене ми е многу драго што токму ние како министерство и оваа Влада, на 120 семејства овде во Теарце, ќе им помогнеме да решат долгогодишен проблем и да добијат модерен, економичен и еколошки систем за наводнување“ изјави министерот Николовски.

Теренската кампања продолжи во селото Нереште, Општина Јегуновце, каде министерот оствари средба со пчеларите Шпетим и Реџеп Селмани. Тие се сериозни пчелари со над 150 сандаци за пчели и 450 килограми производство на мед годишно. Министерот ги информираше за сите мерки кои ги превзема министерството во насока на развој на оваа сточарска гранка. Преку Програмата за директни плаќања околу 3 милиони евра годишно одвојуваме за пчеларите. Преку ИПАРД Програмата и мерката 7 за диверзификација на фармите и развој на бизниси им помагаме на пчеларите со минимална инвестиција од 1500 евра.

IMG_5343

Во селото Јанчиште – општина Јегуновце, министерот Николовски се сретна со двајцата млади иноватори Филип Костадиноски и Горјан Спировски кои креирале платформата за анализа на почва. Нивната платформа е составена од уреди кои се инсталирани на земјоделски површини кои мерат критични параметри на почвата кои се важни во циклусот на одгледувањето на земјоделскитe култури. Врз база на податочната анализа се испраќаат информации преку мобилна апликација за известувања за критични ситуации како што се болести, потреба од наводнување, од ѓубрење и слично.

Како последна локација од денешната теренска агенда, министерот Николовски ја посети земјоделска задруга „Единство“ – Челопек, во Општина Брвеница. Ова е една од најстарите задруги и во нивни рамки функционираат Свињарска фарма „Сувогорска“, фабрика за сточна храна „Нутричел“ и кланица со преработки „Мич Челопечко“.

Претставниците на задругата искажаа поддршка за активностите на министерството. Корисници се на многу мерки како и на ИПАРД програмата.

Теренската кампања „Поддршка за секој земјоделец“ ќе продолжи и понатаму со директни средби со земјоделци од сите региони во државава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e