МЗШВ: Исплатени се околу 100 милиони денари за обештетувања во земјоделското производство

Над 2.300 земјоделци од преспанскиот регион добија обештетувања за штетите предизвикани од мраз во изминатата 2017 година. Од Министерството за земјоделство. шумарство и водостопанство информираат дека се исплатени околу 100 милиони денари. Освен земјоделците од овој регион обештетување за штетите врз земјоделското производство настанати во минатата година ќе добијат сите 17 500 баратели, ветуваат надлежните.

„Владата обезбеди средства за сите 17.500 баратели кои претрпеле загуби минатата година. Во однос на градобијната заштита, ИПАРД Програмата нуди мерка за 50 отсто кофинансирање на трошоците за набавка на заштитна мрежа.“ – ова го истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средбата со земјоделците во Ресен. Во рамките на посетата, Николовски, освен со овоштарите кои претрпеле штети од временски неприлики, оствари средба и со  градоначалникот на општина Ресен.

1

Продолжува праксата на терен да се слушнат проблемите со кои се соочуваат земјоделците, но истовремено пред нив да се претстават новите политики на Владата, истакнува Николовски. Целта е да се слушнат предлозите за дополнително усовршување на мерките кои ги нуди#МЗШВ.

q

“Наша цел е да создадеме поволни услови за развој на агро секторот во секој регион.“ – потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e