МТСП: Во тек е третата дополнителна исплата на права од социјална и детска заштита за август

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е третата и последна дополнителна исплата на правата од социјална и детска заштита за месец август за оваа година.

-Во исплатата спаѓаат гарантиран детски додаток, посебен додаток за месец септември 2020, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, гарантирана минимална помош ГМП, туѓа нега, еднократна парична помош, мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, социјална сигурност- социјална пензија и паричен надоместок за згрижувачко семејство, информираат од Министерството.

Дополнителната исплата на паричните права од социјална и детска заштита, како што посочуваат во соопштение, била наменета за корисниците кои биле клиенти на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, а кои во дадениот рок, до 25 август, не успеале да отворат нова трансакциска сметка во друга банка или да поврзат постоечка трансакциска сметка во друга банка заради исплата на паричните права.

Од МТСП соопштија дека претходно, на координативен состанок со банките, МФ и НБРМ била договорено исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август годинава да се врши и во дополнителни датуми на 11, 18 и 25 септември, при што податоците за корисниците од банките до Министерството да бидат доставени на 7, 14 и 21 септември оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e