Мицкоски: Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме

„Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија“, вели Христијан Мицкоски на одговор на прашање за вчерашната средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Загреб.

Истовремено, продолжува Мицкоски на средбата станало збор и за Резолуцијата којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев.

– Тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн, вели Мицкоски.

Според него, забележлива е нервозата кај владата и дека лажни вести се рефлектираат во македонската јавност дека тој кажал дека го поддржува Договорот со Бугарија.

– Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме, реагира Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e