Седна пред Борисов и се „пишмани“: Мицкоски го поддржува Договорот со Бугарија

„Важно е да знаеме, да се слушне јасно, дали вие го поддржувате договорот за добрососедство со Бугарија. Не се знае кој ќе победи утре на изборите – ВМРО-ДПМНЕ или социјалдемократите“.

Ова прашање го постави бугарскиот премиер Бојко Борисов на вчерашната средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во Загреб на собирот на Европските народни партии (ЕНП) на што доби одговор: „Се што може да биде позитивно и за двете страни, и за Македонија и за Бугарија, тука исто така не треба да има дилема“.

Мицкоски во повеќе наврати и настапи на интервјуа и трибини споделуваше дека Договорот за добрососедство е штетен и дека тој не ги задоволува националните интереси на државава.

Мицкоски пред едена недела во интервју за ДВ одговори и дека не може да ја прифати декларацијата на бугарскиот парламент дека македонскиот јазик е практично дијалект на бугарскиот јазик и дека не постои, кога е кодифициран и признат од 1977 година и се изучува во повеќе од 100 универзитети во светот.

Како и во претходните наврати, така и во Загреб, ВМРО-ДПМНЕ беше заведена од Европската народна партијата, која е матична за партијата на Мицкоски, како партија од Северна Македонија.

Партијата на заедничките средби или на конгресите на ЕПП и во иднина ќе настапува под ова име, иако Мицкоски тврди декаако дојдена власт, ќе се обидеда јапромени ситуацијата и да го врати старото име Република Македонија.

vmro

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e