Метео предупредување: Следува невреме со можен град

До недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Во текот на овој период се очекува на места да наврнат над 30 л/м2. Температурите ќе бидат во опаѓање и под просекот за овој период од годината.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e