Маричиќ: Веднаш можеме да ги започнеме преговорите, како македонци кои зборуваат македонски јазик

Денеска Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, во клучен момент нè удостои со неговото присуство на редовната владина седница, на која низ контруктивен разговор уште еднаш го разгледавме предлогот и потврдивме дека имаме европско компромисно решение со вградени македонски позиции, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Целосна поддршка за нашите легитимни права даде Шарл Мишел, потврдувајќи дека имаме предлог на маса кој ги гарантира нашиот јазик и идентитет.

Веднаш можеме да ги започнеме преговорите, како македонци кои зборуваат македонски јазик.

Заслужуваме, време е“, се вели во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e