Маричиќ: Кога имаме предлог кој излегува во пресрет на сите наши забелешки, вреди да се разгледа сериозно

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во брифингот со уредниците изјави дека разговорите и консултациите за францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ ќе продолжат на повеќе нивоа, а ја најави и утрешната официјална посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел,

„Сè уште трае фазата на консултации. Работиме интензивно на разгледување и на консултации на овој предлог за донесување на соодветна одлука во наредните денови. На седница на Влада ќе видиме и ќе разгледуваме во која форма и како ќе се дејствува понатаму. Ние не се обврзавме со конкретни временски рокови, но секој ден некој, ми замерија и јавно дека премногу сум форсирал да побрзаме, но ние чекаме веќе 17 години. И во ситуација кога имаме предлог кој излегува во пресрет на сите наши забелешки, мислам дека е пакет кој вреди да се разгледа сериозно”, рече Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ на прашањето кога и како ќе започне процесот, одговори дека секои преговори почнуваат со прва меѓувладина конференција на којашто се усвојува преговарачката рамка, се чита „опенинг стејтмент“ или онаа изјава формална за отворање на преговорите од двете страни и се носи одлука за почеток на скринингот.

„Скринингот е почетна фаза на преговорите, тоа не е надвор од преговорите, во таа почетна фаза на преговорите имаме задача ние со Европската Комисија и државите членки на ЕУ да го прегледаме нашето законодавство колку е усогласено, но и практиките колку се усогласени со европските. Врз основа на тој скрининг се прават извештаи коишто го даваат патот за како се отвораат и како се движат и затвораат Поглавјата и Кластерите”, објасни Маричиќ, додавајќи дека со овој предлог го добиваме она што сметавме дека ни припаѓа, а тоа е почеток на преговорите на оваа првична фаза, на скринингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e