Линде: Демократијата е предизвик и проблем во многу делови во светот, вклучително и Европа

Свесна сум за разочарувањето по недонесувањето одлука и покрај сите напори што ги вложи Северна Мкедонија, вклучувајќи ја и спогодбата од Преспа за промена името. Клучно е Северна Македонија да се задржи на интензивните реформи, а историската спогодба од Преспа е од суштинско значење и клучна важност за просперитетот во регионот, истакна Министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде по средбата со нејзиниот колега Никола Димитров.

„Шведска и натаму ќе дава поддршка на итегративните процеси во регионот, води дискусии за ревизија за процесот на проширување и натаму ќе даваме поддршка на итеграцијата на Северна Македонија. Демократијата е предизвик и проблем во многу делови во светот, вклучително и Европа. Шведска се залага за по позитеивен развој во оваа облас. Во Северна Македонија ќе дадеме поддршка во развојот на медиумите и нивните слободи.“, рече министерката Линде.

Таа потенцираше дека Шведска и Северна Македонија имаат одлични билатерални односи.

„Шведска обезбедува значајна развојна помош за Северна Македонија, за економскиот развој, човековите права и квалитетна животна средина. Го поздравуваме значајниот напредок кој е постигнат во реформата во судтсвото и борбата против корупција како и реформата на разознувачкиот сектор“, додаде Линде.

Според Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, посетата на Министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде е посета на охрабрување која доаѓа по недонесување одлука и префрлањето на прашањето пред пролетниот самит во Загреб од страна на Европската Унија.

„Разговаравме за импликациите од таа одлука, за нашиот реформски процеси за состојбите во земјата но и пошироко во регионот, а разговаравме за тоа што можеме да направиме за конечно да зачекориме по европскиот пат следните неколку месеци“, потенцираше Димитров.

Како што соопшти МНР, Линде во рамки на посетата ќе биде примена и од претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе се сретне и со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e