Калеска Ванчева: Исправени сме пред клучни моменти, ова е предлог со чист македонски јазик без фусноти и одредници

Ова се историски моменти, кога никој не може нешто анблок да прифати, ниту може анблок нешто да отфрли, факт е дека сме исправени пред клучни моменти, пресвтрница во нашиот 30-годишен живот како самостојна држава, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Калеска Ванчева нагласи дека францускиот предлог, кој е објавен, заслужува општа консултација и вистино внимание и ни случајно не треба да се отфрли и да се даваат квалификации коишто не се содржани.

Ова е прв предлог кој има суштествена разлика најмногу во македонскиот јазик, без фусноти и задршки, тоа беше клучно, тоа е многу јака основа да разгоравараме, истакна Калеска Ванчева, додавајќи дека овој процес треба да продолжи и тоа транспарентнио како што го прави владата.

Но, за жал ние се соочувме со реакции поттикнати од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Левица и тоа многу повеќе личи на одбвивање заради одбивање и заради некои други интереси, нагласи Калеска Ванчева, додавајќи дека лажниот патриотизам не нé води никаде.

Таа потсети дека ваквиот наратив се слушаше и кога се потпишуваше договорот со Грција, дека ќе не снема како држава, дека идентитетот е загрозен, дека сме предавници, но сите видоа дека ништо не се случи.

Сега повторно го слушаме истиот наратив дека македонскиот јазик ќе стане дијалект на бугарскиот јазик, дека се врши асимилација, бугаризација, но ништо од тоа не е вистина, а уште еден доказ дека македонскиот јазик, а со тоа идентитетот не е загрозен, e ако го прифатиме овој предлог, веднаш го потпишуваме договорот за Фронтекс на македонски јазик, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e