Станува јасно дека е одлучено СЈО да згасне, иако никому не е јасно зошто – е впечатокот на универзитетскиот професор Гордан Калајџиев по денешниот состанок во министерството за правда. По средбата со претставниците на министерството, републичкото и специјалното обвинителство, Калајџиев не ги криеше лутината и разочарувањето.
„Ни мене не ми е се’ јасно, но отприлика ни е јасно дека е донесена одлука да згасне СЈО без да видиме која е вистинската причина за тоа – тука ниту меѓународната заедница се изјаснува, имаше на состанокот претставници на американската амбасада, имаше претставници и на СЈО, сите излегоа низ задниот влез. Треба и нив да ги прашате бидејќи очигледно се фактори – не беше моја идеја да се формира СЈО, туку идеја на американската амбасада. Во кој момент тие и ЕУ се откажаа… не е идејата сега тој закон да се турка како наслов, идејата беше да се обезбеди СЈО на потрајна основа. Кога се откажаа од таа идеја, сега е останат да се турка голиот наслов и да има некој закон зад кој или не стои ништо или стои нешто сосема трето. Треба да си продолжи законот за СЈО, и не знам кој ќе одговара зошто не е избран нов обвинител, бидејќи тој закон важи и обвинител требаше да биде избран пред неколку месеци. Најдобро е да се избере обвинител кој ќе ги продолжи предметите во рамки на законот за кој постои согласност, бидејќи предвидената трансфорамација ќе ги искомплицира работите повеќе одошто што ќе придонесе да се завршат барем предметите за кои се суди.“, вели Калајџиев.
Целиот текст прочитајте го на 360 Степени.