Каевски: Осудениот криминалец Груевски откри нови работи, дали Арсовска е неговиот контакт?

Вчерашната пресуда за предметот „ТНТ“ во кој осудени се Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија.

Вообичаено, веднаш по изрекувањето на пресуда со свој став излезе повеќекратниот осуденик во бегство, Никола Груевски.

Но овој пат Груевски откри нови работи, односно дека тој бил во комуникација со актуелен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Дали Данела Арсовска е градоначалникот и контактот на Груевски со кој тој комуницира редовно?

Дали Груевски редвоно комуницира и со други градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавата на Груевски само го потврдува она што СДСМ го тврди, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е управувана од Будимпешта, а Христијан Мицкоски е само извршител на Груевски.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не го осудуваат и не се оградуваат од криминалите, туку напротив тие ги бранат криминалците во своите редови.

Заради нарачаките на Груевски ВМРО-ДПМНЕ во време на криза го блокира Собранието, работи на штета на интересите на граѓаните и државата.

Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е непроменета, криминална и режимска партија управувана од Будимпешта, вели Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e