Каевски го суспендира раководителот на Секторот млади во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт на денешната прес-конференција изјави дека до сега, во врска со спорната збирка поезија со шовинистички и националистички содржини, во агенцијата суспендиран е раководителот на Секторот млади во Агенцијата за млади и спорт.

Изјави дека дополнително ќе се оформи трочлена комисија која ќе истражи како агенцијата за Млади и спорт се јавува како издавач, а тој како уредник, што е спротивно на Законот за издавачка дејност, како дошло до објавување на шовинистичка содржина со говор на омраза и понатаму да се истражи кој и како е одговорен за недоразбирањата кои доведоа до објавувањето на збирката и штетата од 150.000 евра за буџетот.

Комисијата ќе ја истражи и работата на комисијата која ги одбирала трите наградени дела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e