Фотографија на Мицкоски со Томе Блажески – претседател на бугарското здружение Цар Борис трети!?

Фотографија на која се гледа претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Томе Блажески – претседател на бугарското здружение Цар Борис трети е доставена до нашата редакција.

3

Според нашиот извор фотографијата е направена некаде по локалните избори во земјава, во Бигорскиот манастир.

Прашањето е што прави Мицкоски во друштво на Блажески? Има ли поврзаност на претседателот на ВМРО ДПМНЕ со првиот човек бугарското здружение Цар Борис трети?

Особено што тој може многу често да се види во друштво на националисти во соседна Бугарија и противници на кревањето на бугарската блокада за Македонија, како Красимир Каракачанов, претседател на бугарското ВМРО.

2

Бугарската партија ВМРО, на поранешниот министер Красимир Каракачанов, организираше и протести против евентуално тргање на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, а често со националистичка реторика подгрева тензии меѓу двете земји.

Тој се споменуваше и како еден од мотиваторите на отворањето на клубот Ванчо Михајлов во Битола, настан на кој што присуствувал и Блажески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e