Филипче: 14 пациенти се на респиратори и имаат тешка форма на манифестација на болеста

Четиримесечното бебе од Кочани кое е заразено со ковид-19 и е најмалиот пациент во земјава со новиот вирус, е во стабилна состојба и секојдневно неговата состојба се следи и во консултација со педијатар, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тоа е сместено на Инфективната клиника во Скопје, каде во моментов има вкупно 66 пациенти со коронавирус.

– Во болницата „8 Септември“ хоспитализирани се 21 од кои што 6 се на респиратори и имаат тешка форма на манифестација на болеста. Во Битола се хоспиатлизирани четворица тие се добри и стабилни. Во болницата во Штип примени се уште четири пациенти, односно вкупно 8 се со лесна манифестација на болеста.

Во Битола хоспитализирани се четворица и сите се со стабилна и лесна форма на болеста. Во штипската болница, пак, примени се нови 4 пациенти со што вкупната бројка на хоспитализирани таму е 8.
На Клиниката за инфективни болести по два негативни контрол теста се испишани тројца оздравени пациенти. Примени се давјаца нови, хоспитализирани се вкупно 66, 8 се на механичка вентилација во тешка состојба, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e