Фетаи бара затворска казна за Груевски и Јанакиески обвинети во „Шамари во Центар“

-Четири години беа доволни за спротивставувања на аргументите во постапката. Два пати започнувавме од почеток. Сметам дека тоа што судот го изведе како доказ е повеќе од потребно. Присуствувавме на една фер постапка. Целата јавност ги видоа насилничките дивеења во Општина Центар. Процесот на времето во СЈО започна по снимен телефонски разговот меѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски.Во тој разговор Груевски доаѓа до идеја тогашниот градоначалник на Центар кој им правел нив проблеми со ДУП-от, да “изеде” неколку шамари. Потоа Груевски му дава инструкции на Јанакиески како да се направи испад пред Општина Центар, рече во завршниот збор во случајот “Шамари во Центар” обвинителка Фатиме Фетаи.

Обвинителкат Фетаи нагласи дека бара затворски казни за обвинетите Никола Груевски и Миле Јанакиески. Фетаи од судот исто така побара за обвинетиот Игор Бошковски условна казна. Таа забележа дека целата одбрана на обвинетите била насочена кон тоа да се докаже дека Груевски и Јанакиески не се виновни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e