„Eкспертот“ за јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ како поранешен владин консултант примал десетици илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ денес го претстави Сотир Костов како експерт за Законот за јавно обвинителство, а тој е добро познат на јавноста, откако долги години се претставува како аналитичар.

Костов беше дел од протестите кои кулминираа со насилниот упад во Собранието на 27 април 2017, а потоа јавно се залагаше за помилување на насилниците од „крвавиот четврток“.

Откако неговата сопруга од шеф на протокол на експреиерот и бегалец Никола Груевски стана шеф на протокол на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Костов ја промовираше кампањата против референдумот за промена на името на движењето „Бојкотирам“.

Во периодот кога Костов редовно се појавуваше на ТВ екраните, бранејќи ги политиките на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, беше директор на комисијата за авионски несреќи, каде земаше 100.000 денари месечна плата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e